Во последно време не можеме а да не забележиме колку е загаден воздухот во нашата држава, а особено во главниот град. Симптомите од оваа загрижувачка појава се и повеќе од очигледни.
Кина веќе одамна се соочува со овој проблем, со таа разлика што кај нив ситуацијата е драстично полоша.
Иако древната држава изобилува и со прекрасни пејзажи, сепак, погусто населените градови се гушат во смог и отпад. Експресниот развој на земјата во последните неколку децении доведе до тоа одредени области во земјата да изгледа онака како во фотографиите подолу.
Се надеваме дека жителите и надлежните кај нас навремено ќе реагираат, и нема да дозволат за неколку години и кај нас да се случува ова.