Бајкал е надлабокото езеро на Земајата и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот.
Езерото е 636км долго и околу 50км широко. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години, и затоа е најстаро езеро во светот. Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 цм. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини.
Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото.
Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.
Фотографот Михајло, познат под прекарот Numach, направи волшебни фотографии маѓепсан од убавината на езерото. Да ги доразгледаме.