(ФОТО+ВИДЕО) Училиштен автобус се запали во Тајланд, најмалку 25 лица загинаа

Полицијата не можела веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјавил за новинарите дека се верува оти загинале 25 лица, без да даде детали

Училишен автобус се запали во Тајланд, најмалку 25 лица загинаа, Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Училиштен автобус со ученици и наставници, кои оделе на екскурзија, се запалил во предградието на главниот град на Тајланд, Бангкок. Како што соопштија властите, се стравува дека загинале околу 25 лица, а 19 се хоспитализирани.

Полицијата не можела веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјавил за новинарите дека се верува оти загинале 25 лица, без да даде детали.

Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит и додаде дека причината за инцидентот сè уште се истражува.

На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад излегува од автобусот. Пожарот подоцна бил изгаснат.

Училишен автобус се запали во Тајланд, најмалку 25 лица загинаа, Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Премиерката Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците оделе на екскурзија.

„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“,

рече таа во објавата на социјалната мрежа Икс.

- Реклама -