(ФОТО+ВИДЕО) Иран изврши ракетен напад врз Израел

Во меѓувреме, иранската мисија во ОН во објава на социјалните мрежи по лансирањето проектили врз Израел, соопшти дека одговорот на Техеран е „соодветно извршен“

Израелската армија објави дека Иран тукушто истрелал ракети кон Израел и оти во тек е воздушен напад.

Ракетен напад врз Израел / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Сирените за воздушен напад се огласиле низ целата земја, а на жителите им било наредено да се евакуираат.

„Од вас се бара да останете во заштитеното подрачје до понатамошно известување“,

се вели во соопштението на израелската армија до населението.

Засега нема извештаи за повредени.

„Приближно 10 милиони цивили се цел на иранските проектили“,

објавија Израелските одбранбени сили на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, иранската мисија во Обединетите нации во објава на социјалните мрежи, по лансирањето проектили врз Израел, соопшти дека одговорот на Техеран е „соодветно извршен“.

„Правниот, рационален и легитимен одговор на Иран на терористичките акти на ционистичкиот режим, кои вклучуваа таргетирање на иранските државјани и интереси и кршење на националниот суверенитет на Исламската Република Иран, е соодветно извршен“,

стои во објавата на Икс на иранската мисија во Обединетите нации.

Се додава дека доколку Израел се осмели да одговори или изврши дополнителни „злонамерни акти“, ќе следува последователен одговор.

Претходно, висок функционер на Белата куќа изјави дека САД веруваат оти Иран е подготвен наскоро да изврши балистички ракетен напад на Израел. Предвидувањата на САД, како што изјавил за Си-ен-ен, е дека нападот би можел да биде сличен по обем и размер како оној во април, кога кон Израел беа лансирани повеќе од 300 проектили, меѓу кои 170 беспилотни летала и над 120 балистички ракети.

- Реклама -