(ФОТО+ВИДЕО) „Франција во светлина“ – спектакл на „Бела ноќ“

Видео-мапингот „Франција во светлина“ беше дело на македонскиот визуелен уметник, Емил Петро

ФОТО: „360 степени“

Неколку џиновски осветлени фигури вечерва продефилираа низ центарот на Скопје од Старата железничка станица, преку улицата Македонија и Камени мост, до плоштадот Карпошово востание. Станува збор за уметничката трупа „Кидам“ која ја изведе точката „Сонот на Ербер“.

Видео-мапингот „Франција во светлина“ беше дело на македонскиот визуелен уметник, Емил Петро.

Настанот беше дел од програмата на годинешната скопска „Бела ноќ“. Со него се одбележаа два јубилеја – 20-тата „бела ноќ“ и 50-годишнината од почетокот на работата на Францускиот институт во Скопје.

Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што вечерва се одржуваат на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.

- Реклама -