(ФОТО) Тошковски и Ангелов во посета на селата Орел и Немањица: Штетите од пожарите се огромни, свесни сме за предизвиците на жителите

Од ЦУК соопштија дека при посетата Тошковски и Ангелов разговарале со жителите на опожарените места, кои како што се неведува, ги раскажаа траорните сведоштва за пожарот и за штетата што ја претрпеа

Штетите во селата Орел и Немањица во Светиниколскиот регион се огромни и сите сме свесни за предизвиците со кои се соочуваат жителите. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на неколку опожарени места со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Уште еднаш апелирам со сите граѓани да бидат вниматеелни, особено во овој топол летен период и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожари. МВР ќе продолжи со активности во рамки на оперативната акција ‘Пожар 2024‘ и прееземање на сите потребни мерки за заштитса на животите и имотот на граѓаните“,

напиша Тошковски на Фејсбук.

Од ЦУК соопштија дека при посетата Тошковски и Ангелов разговарале со жителите на опожарените места, кои како што се неведува, ги раскажаа траорните сведоштва за пожарот и за штетата што ја претрпеа.

Тошковски и Ангелов денеска направија и заедничка обиколка и увид на пожарот на отворено во атарот на село Зеленград во околината на Општина Пробиштип.

При увидот на пожарот на отворено на Осоговските Планини, во линија на големата фронтовска линија на пожарот, како што информираат од ЦУК, била искажана благодарност до сите ангажирани за гаснење на пожарите во државата.

Попладнево Ангелов соопшти дека во текот на денешниот ден има 17 пожари на отворено, од нив шест се целосно изгаснати, а пет се ставени под целосна контрола. Во моментов има шест активни пожари, посочувајќи дека првиот и најсложен пожар за гаснење е на територија на Општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар за кој рече дека беснее со денови.

- Реклама -