ФОТО и ВИДЕО| Осумнаесет гледачи на крвава секс-опера побарале лекарска помош


На 18 гледачи на театарот во државната опера во Штутгарт им беше потребен медицински третман поради тешка мачнина во текот на викендот, откако ја гледале претставата минатиот викенд којашто вклучувала пирсинг во живо, експлицитени несимулиран сексуален однос и обилно количество лажна и вистинска крв, пишува The Guardian.

„Во саботата имавме осум, а во неделата имавме 10 луѓе кои требаше да бидат згрижени од нашата служба за посетители“, рече портпаролот на операта, Себастијан Еблинг, за двете изведби на Санкта, дело на австриската кореографка Флорентина Холцингер. Лекар бил повикан во во три случаи, додал.

Триесет иосумгодишната Холцингер е позната по изведбите кои ја замаглуваат границата меѓу танцовиот театар и водвилот. Нејзината целосно женска екипа обично настапува делумно или целосно гола, а претходните претстави вклучуваа голтање меч во живо, тетовирање, мастурбација и акциони слики со крв и свеж измет.

„Добра техника во танцот за мене не е само некој што може да направи совршен премет, туку и некој што може да уринира на знак“, изјави Холцингер во интервју за The Guardian претходно оваа година.

„Sancta“ (Света), првиот опит на на Холцингер во операта, беше премиерно изведен во Мекленбуршкиот државен театар во Шверин во мај годинава, и е заснован на експресионистичката опера на Пол Хиндемит од 1920-те „Sancta Susanna“, која има своја историја на контроверзии.

Оригиналната опера на Хиндемит ја раскажува приказната за една млада калуѓерка која, возбудена од приказната раскажана од една од постарите жени во женскиот манастир, гола стапува до олтарот и го откинува појасот од Христовото торзо. Средбата со голем пајак ја наведува да се покае за својата постапка и да ги моли другите калуѓерки да ја заѕидаат жива.

Првично требала да биде премиерно изведена во државната опера во Штутгарт во 1921 година, но била поставена на сцената дури во 1922 година по протестите против нејзината содржина со религиозно свкернавење.

Верзијата која ја вознемирила побликата во Штутгарт сега ја замени оригиналната музичка изведба со голи калуѓерки кои на ролери се движат на подвижна полуцевка во центарот на сцената, ѕид од распнати голи тела и лезбејска свештеничка која води литургија.

Откако Холцингер ја постави „Sancta“ во нејзината родна Виена во јуни, бискупите од Салцбург и Инсбрук ја критикуваа како „непочитувачка карикатура на светата литургија“.

Австриската уметница претходно сугерираше дека нејзината опера е помалку дизајнирана да ја исмејува црквата отколку да ги истражува паралелите меѓу конзервативната институција од една страна, и кинк-заедниците и BDSM (Bondage, Discipline and Sadomasochism) субкултурите од друга страна.

- Реклама -