(ФОТО) Ден по несреќата: Илјадници граѓани палат свеќи и оставаат цвеќе пред Железничката станица во Нови Сад

Вечерва, но и во текот на целиот ден, кај објектот на железничката станица граѓаните оставаат цвеќе, играчки и палат свеќи во чест на жртвите во несреќата. Дел од насобраните држат транспаренти со имињата на загинатите

Повеќе од илјада луѓе вечерва се собраа кај Железничката станица во Нови Сад, по вчерашната несреќа, во која, по пад на натстрешницата на објектот, загинаа 14 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин.

Од собирот кај Железничката станица во Нови Сад / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вечерва, но и во текот на целиот ден, кај објектот на железничката станица граѓаните оставаат цвеќе, играчки и палат свеќи во чест на жртвите во несреќата. Дел од насобраните држат транспаренти со имињата на загинатите.

Од собирот кај Железничката станица во Нови Сад / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Од собирот кај Железничката станица во Нови Сад / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На територијата на Србија денеска е прогласен Ден на жалост за смртта на 14 лица. Во Нови Сад, пак, градоначалникот Милан Ѓуриќ прогласи тридневна жалост.

Од собирот кај Железничката станица во Нови Сад / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Еден ден по уривањето на натстрешницата пред влезот на главната железничка станица Нови Сад, Вишото јавно обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани најмалку 20 лица.

Неколку часа по несреќата, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе бара политичка и кривична одговорност за случајот. Увери дека одговорните ќе бидат казнети.

- Реклама -