Фотките од Стоунхенџ кои не се баш расположени да ви ги покажат

Стоунхенџ се наоѓа во Англија и потекнува од неолитот и бронзеното доба. Од 1986 година е ставен на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Никој уште не е сигурен како е изграден. Секоја година привлекува милиони туристи, а привлекува и куп обиди да се дојде до теорија за тоа кој, како и зошто го изградил.

Мистериозниот споменик од пред 5.000 години

Стоунхенџ е стар околу 5.000 години, а најголемите камења од кои е составен тежат до 25 тони, а високи се и до 9 метри. Помалите камени блокови се тешки околу 4 тони. Се претпоставува дека камењата се донесени на локацијата од место оддалечено 250 километри. Не е јасно како луѓето успеале во тоа. Но, тоа е само една од теориите.

Дел од научниците веруваат дека во Леденото доба глечерите со своето ширење ги дотуркале камењата на денешната локација. Постојат еден куп теории зошто е направен, но во тоа време на тоа подрачје живееле фармери и земјоделци кои не оставиле никакви пишани траги, па можеби и никогаш нема да го дознаеме точниот одговор.

Што не сакаат да видите/знаете

Кои и да биле причините, креаторите и намените на Стоунхенџ, постои нешто што археолозите го знаат, но до ден денес се избегнува да се спомнува во јавноста. Имено, еден од фактите за кои знаат само мал број луѓе е дека преостанатите камења кои стојат во склоп на древниот споменик не се стари 5.000 години.

Напротив, стари се околу 50-тина години, благодарение на серијата реставрации на споменикот. Што ќе рече еден археолог, повеќето од камените блокови во склоп на структурата се всушност наследство од индустријата од 20-от век.

Самата реставрација почнала во далечната 1901 година. Иако дури и тогаш предизвикала многу внимание, па и бес во јавноста, ретко се спомнува во учебниците и водичите.

William Gowland – кој ја надгледувал првата голема реставрација, го надгледувал вклучително и израмнувањето и бетонирањето на каменот со број 56, кој бил во опасност од паѓање. При порамнувањето на тој камен, поместен е половина метар од својата претходна позиција.

Во текот на реставрацијата од 1920-та година, William Hawley ископал база од шест камења, а повторно се копало и во 1940-тите и 1950-тите, кога на таа локација се откриени гравирани секири и копја.

Во 1958 година почнала нова реставрација, а последната била направена во 1963 година. Дури и без тоа, прашање е дали камените блокови воопшто биле на своите првични позиции уште пред да се почне со реставрациите. Имено, се претпоставува дека до почетокот на 20-от век, мнозинството од камените блокови веќе биле поместени од своите оригинални локации. Причина била зголемениот број на туристи, а посетителите често и се качувале по монолитите, на тој начин поместувајќи ги.

 

 

- Реклама -