Фортуна Дизелдорф во Бундес лигата по 15 години

Фудбалерите на Фортуна Дизелдорф одиграа 2:2 на реваншот против Херта во баражот за пласман во Бундес лигата, што им беше доволно по триумфот од 1:2 на првата средба да се вратат во елитата по пауза од 15 години.

Радоста кај фановите на овој тим беше неверојатна, тие не можеа да дочекаат ниту да заврши мечот, па фрлаа факели на теренот при крајот на средбата, поради што имаше и дваесетминутен прекин.

Бајстер уште во првата минута ја доведе Фортуна Дизелдорф во водство, а Бен-Хатира израмни на 1:1 во 23 минута од натпреварот. Токму овој играч заработи исклучување во 55 минута, по што на Фортуна им беше полесно до крајот на мечот.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Само четири минути по исклучувањето во противничкиот состав, домаќините по вторпат дојдоа во водство со погодокот на Јовановиќ, а Рафаел во 85 минута израмни на 2:2, но тоа не беше доволно за Херта да го задржи статусот на бундеслигаш.Пресуден беше триумфот на Фортуна Дизелдорф од 1:2 на првиот меч што се одигра во Берлин.

Фортуна Диселдорф по цели 15 години повторно ќе биде дел од Бундес лигата. Во овој тим, во сезоната 1995/96 настапуваше и Дарко Панчев.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -