„Forbes“ – Охрид е бисер балкански!

Историскиот град Охрид, кој се наоѓа на на брегот на Охридското Езеро и е опкружен со планини, е убав како најпознатите алпски пејзажи.

– Градот и езерото се едни од 28-те во светот на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство, пишува угледниот магазин „Forbes“ во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Република Македонија.

Занаетчиите од овој град се познати по исклучитечниот Охридски бисер, кој тие го произведуваат речиси еден век. Ова чудо од школки е рачно изработено со ултра тенок слој на емулзија од клушките на локалната риба плашица.

forbesmkd

– Две фамилии Талеви и Филеви го произведуваат единствениот и вистинскиот Охридски бисер, креирајќи ѓердани, обетки скапоцени камења носено од страна на членови на кралски семејства и звезди, пишува „Forbes“ за Охрид.

Во мартовското издание во специјална едиција посветена на државата, „Forbes“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид.

Супер радио

- Реклама -