Вашингтон, 20 октомври 2021 (МИА) – Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс денеска објави дека ќе инвестира до 120 милиони долари со цел да го олесни пристапот на сиромашните земји до таблети за лекување на Ковид-19, третман за кој веруваат дека ќе ја потисне пандемијата.
Американската лабораторија Мерк го разви лекот Молнупиравир, што треба во голема мера да го намали ризикот од хоспитализација и смрт ако се земе во првите денови на инфекција. Овој третман, кој е лесен за примена, нуди долго очекувана алтернатива за вакцините, особено за земјите кои имаат проблеми со нивното добивање.
Молнупиравир се уште не е одобрен од Американската агенција за лекови спроведува проценка на лекот што се уште не е одобрен.
Мерк планира да ги произведе дозите потребни за 10 милиони третмани до крајот на годината.