Фон дер Лајен: Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат уставните амандмани за придвижување на земјата на европскиот пат

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен се надева дека уставните амандмани во македонското Собрание ќе бидат поддржани од сите страни со цел придвижување на земјата на европскиот пат.

„Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата Влада (Ковачевски) во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, Северна Македонија да се придвижи напред на европскиот пат. Северна Македонија припаѓа во ЕУ“, напиша на социјалната мрежа X (Твитер) Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на земјата и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

„Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската Унија“, објасни Ковачевски.

Извор: МИА

- Реклама -