Фолклорна магија во Крива Паланка

Од 20 до 23 август на Градски плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи 19-тиот Меѓународен фолклорен фестивал “Свети Јоаким Осоговски”.

Програмата започнува со Дефилеа од 18 часот, по што следат фолклорни настапи во 19 часот и концерт на естрадни ѕвезди од 21 часот.

Ова незаборавно тродневно фолклорно патување ќе ги донесе ансамблите од Турција, Србија, БиХ, Бугарија и Македонија.

Ќе настапат и Игор Димовски и Пауза за ракија – уникатна музичка комбинација на 20 и 21 август.

Концерт на Елена Андоновска, извонредната интерпретаторка на народни песну на 22 август.

Придружни манифестации се фестивал на храна, лесковачка скара и фестивал на занаети и ракотворби

- Реклама -