Откога многу светски медиуми почнаа да пишуваат за тоа дека Ким Кардашијан всушност го „украла“ стилот на Јелена Карлеуша, сега се изјасни и самата пејачка.
Кога ќе ги погледнете фотографиите на Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша сличноста е навистина зачудувачка.
Светските медиуми пишуваат дека за тоа дека реалната ѕвездата го украла стилот на српската фолк ѕвезда, но Карлеуша и онака го тврди тоа веќе некое време. На своите профили на социјалните мержи споделила и неколку фотографии кои „докажуваат“ дека таа била прва, а Blic пишува и како Карлеуша брутално одговорила на сите употреби на славната Ким објавувајќи фотографија од познатото домашно секс видео на Ким.
„Некој се спушта на сцената, некој на колена“, напишала фолк ѕвездата, но фотографијата брзо потоа ја отстранила од својот Инстаграм.
Подоцна објавила уште една слика од нејзин настап и напишала: „Јас немам секс снимка но имам 20 години работа во музичката индустрија, 10 албуми и не, не ми е потребен стилист“.
Карлеуша мајсторски го искористи вниманието на светските медиуми, па гласот за неа се прошири со брзина на светлината.
Се пофалила и дека ја контактирал музичкиот продуцент на Бијонсе, Макс Гоус. Имаме чувство дека приказната со фолк ѕвездата не застанува тука…