Fleetwood Mac се обновуваат за турнеја во 2013 година

Откако сите останати групи го земаа својот дел од музичкиот колач, и Fleetwood Mac се придружуваат на плејадата бендови што неодамна се обновија, а исто така, групата во текот на 2013 година ќе замине на светска турнеја.

Во изјава за Los Angeles Times, пејачката на популарниот британско-американски рок-состав Стиви Никс, потврдила дека Fleetwood Mac по кој знае кој пат се враќа на сцената, а исто така во 2013 ќе замине на нова голема турнеја.

– Тоа е планот. Ние тоа го работиме – кратко објаснила Никс.

Турбулентната историја на овој популарен бенд во последно целосно е во знакот на постојаните реобновувања, а нивното последно враќање на сцената се случи во 2009 година, кога членовите се собраа заедно и отпатуваа на заедничка турнеја. Гитаристот Линдзи Бакингам неодамна во разговор за списанието Rolling Stone изјави дека не треба да се исклучува можноста дека Fleetwood Mac ќе снимаат и нов албум.

Најголемата популарност групата Fleetwood Mac ја постигна кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесетите години од минатиот век. Во долгогодишната кариера составот објави 17 албуми, од кои последниот „Say You Will“ беше издаден во 2003 година. [Fleetwood Mac reuniting for 2013 tour]

{youtube}gTqSsr7FjfY{/youtube}

- Реклама -