Финти за виткање подароци во „пет до дванаес“

Додека да се одлучиш за подарок стигна „пет до дванаес“. Те навјасаа обврски, па го купуваш во четири до дванаес. Сега е три до дванаес, а купеното треба да го завиткаш. Зјапаш во последното парче украсна хартија (зашто лошо си испланирал/а) и страв ти е да почнеш. Подарокот има чудна форма и страв ти е дека ќе ја утнеш работата.

Без паника, YouTube ги има (скоро) сите одговори. Ако подарокот ти е во една од следниве 10 форми, сé што треба е да ги следиш видео инструкциите.

Нека ви е раат новата година!

- Реклама -