Финците со нов рекорд во фрлање телефони (видео)

Финците имаат успешна историја во создавање на мобилни телефони, но и во нивно фрлање.

Оваа година, на тринаесетото Светско Првенство во Фрлање Мобилни Телефони, Финецот Ере Карјалаинен постави нов светски рекорд, фрлајќи ја својата стара нокија 101,19 метри.

{youtube}Sgw99VoCssU{/youtube}

Но иако Финците тврдат дека ова е светски рекорд, еден Британец, Крис Хјуф на слично натпреварување во Белгија го фрлил својот телефон 102,71 метар, што значи дека рекордот на Карјалаинен е фински рекорд.

Очигледно има луѓе кои го оспоруваат фрлањето на Хјуф, тврдејќи дека истото не е официјално, но сепак, она што е важно е дека Финците и понатаму се обидуваат да фрлаат Нокии што е можно подалеку.

- Реклама -