Поранешниот министер, како што посочуваат од Финансиската полиција, во јули 2020 година несовесно постапил склучувајќи договори за финансирање на проекти во износ од над половина милион евра иако бил свесен дека недостасуваат средства во државниот буџет
Управата за финансиска полиција до тетовското јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили поради основано сомнение дека несовесно работел во службата, оштетувајќи го државниот буџет за повеќе од половина милион евра.
Поранешниот министер, како што посочуваат од Финансиската полиција, во јули 2020 година несовесно постапил склучувајќи договори за финансирање на проекти иако бил свесен дека недостасуваат средства во државниот буџет.
Пријавениот Х. И. во својство на службено лице – министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31 824 000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти,
велат од Финансиската полиција.
Со ова, како што се додава, ексминистерот предизвикал штета на Буџетот по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31 824 000 денари.