Минатиот викенд, стотици роботски ентузијасти од Јапонија се собраа во Цукуба Капио Сајбердом арената во Ибараки, за да учествуваат во борбите со роботи – натпревар со главна премија од 500.000 јени (околу 4450 долари).
Организатор беше ROBO-ONE, групација посветена конкретно на двоножните хоби роботи. Ова беше 28-ми натпревар, а учествуваа 120 „роботоуправувачи“. Борбите подлежат на бројни правила; сепак, најважно е роботот да тежи помалку од 3 килограми и да се движи на две нозе.
Пред борбите, роботите мораа да истрчаат писта од 4.5 метри за помалку од минута, за да се квалификуваат. Победи „Фрости“, кој ја истрча дистанцата за импресивни 3.79 секунди.
Само 66 роботи успејаа да го постигнат зададеното, а од нив, 49-те најбрзи беа избрани за учество во борбите.
На крајот, останаа Leghorn (тој што личи на петел) и Gargoyle KID. Gargoyle KID беше тој што го доби шампионатот, а и парите.
Следниот ROBO-ONE шампионат ќе биде најавен некогаш во иднина, а ако некако ви се запливува во водиве, повелете на Youtube каналот на ROBO-ONE.