Објавен е и финалниот трејлер за филмот Django Unchained, кој содржи нови моменти од класичниот вестерн на Квентин Тарантино во кој се провлекуваат одмаздата и искупувањето.
Новиот трејлер вклучува и неколку нови сцени со Брумхилда, жената на Џанго, чија улога ја толкува Кери Вашингтон. Неа ќе ја киднапира свирепиот Келвин Кенди (Леонардо ди Каприо).
Трејлерот, исто така, го прикажува односот на Џанго (Џејми Фокс) со неговиот ментор Шулц (Кристоф Волц), додека стариот учител го подготвува својот ученик да стане успешен ловец на награди.
Филмот Django Unchained што има пет номинации за 70. доделување на наградите Златен глобус, ќе биде премиерно прикажан на 18 јануари 2013 година.
[youtube]IovHuuWClW0[/youtube]