Сите со насмевка се сеќаваме на неверојатните гаџети, хумаоидните роботи, летечките автомобили од култните научно-фантастични филмови како што се „Терминатор“,„ Враќање во иднината“,„ Петтиот елемент“… Овие пронајдоци наскоро би можеле да станат реалност.
1. Скајнет
Се сеќавате ли на главниот компјутер наречен Скајнет кој што ја презема контролата над сите машини и со помош на хуманоидните роботи и летечки машини го покорува човештвото и го доведува до работ на истребување? Обиди за создавање на таков моќен компјутер има одамна, поточно уште од 1946 година и бил наречен ENIAC и тежел 30 тони. По неколку неуспешни обиди за да се содаде вештачка интелигенција малку се намали интересот за развивање на оваа технологија, меѓутоа само прашање на време е кога ќе видиме комјутер кој самостојно размислува и носи одлуки.
2. Криогеника
Силвестер Сталоне се разбуди од криогеничка кома во “Demolition Man” со нова способност. Плетење. Колку и да изгледа ова неверојатно можеби наскоро ќе ја поседуваме и оваа технологија. По направените опити врз лабараториски заморчиња, резултатите се ветувачки. Наскоро се очекува да се почне со истражувања за примена на оваа технологија со човечки субјекти.
3. Автономни роботи
Јас, робот. Исак Асимов. Автономните роботи се појавуваат уште од времето на црно-белите филмови. Во текот на годините сведоци сме на брзиот напредок на роботиката во светот. Од паметни правосмукалки коишто се трклаат сами низ собата, преку робот келнер кој што ве прашува што ќе се напиете, па сè до Светското првенство во фудбал за роботи. Брзиот развој на технологијата ни дава за право де размислуваме дека роботите пристигнуваат.
4. Летечки автомобили
Летечки автомобил возеше Брус Вилис во „Петтиот елемент“. Дури и Мила Јовович беше импресионирана. Овој филмски пронајдок всушност веќе е блиску до сериско производсво во реалниот живот. Постојат неколку компании кои се подготвени за изработка на летечки автомобил, но сè уште не е создаден модел погоден за широка употреба.
5. Летечки скејтборд
Летечкиот скејтборд на Марти Мекфлај во „Враќање во иднината“ сите посакле да го имаат. Постоеја неколку обиди да се создаде летечки скејтборд и во реалниот живот, меѓутоа обидите завршија со неуспех. Компанијата Мател која го создаде скејтбордот за потребите на филмот објави вест дека се обидува да произведе сличен производ кој наместо да лебди ќе може да лизга по секоја површина. [5 Inventions From The Movies That You Could Soon See For Real]