Филмски предлози за Денот на вљубените

Не очајувајте доколу секоја ваша романса завршува уште пред да започне. Да не е така, многу филмски режисери би останале без инспирација. Но, крајот го краси секое дело. Ако љубовта е вистинска, порано или подоцна, се остварува. Доказ за тоа се голем број романтични филмски кадри.

Погледнете ги нашите филмски предлози во кои станува збор за љубовните расплети, неостварената, одложената, необичната, забранетата, вистинската. Љубов…

Friends with Benefits

Џејми чија улога во филмот ја толкува Мила Кунис е млада девојка – баксуз во љубовта. Откако ќе ја раскине и последната врска си ветува дека никогаш повеќе нема да ги покаже емоциите. По некое време таа го запознава Дилан ( Џастин Тимберлејк) кој е уморен од претераното внимание од жените. Двајцата се договараат да имаат слободна врска заснована на секс, притоа останувајки само пријатели. Дали ќе им успее дознајте сами!

[youtube]http://youtu.be/iJS-wWqVAyk[/youtube]

The Five-Year Engagement

Главните јунаци во американската романтична комедија Том (Џејсон Сигел) и Виолета (Емили Блант) се во врска неколку години и решаваат да стапат во брак. По запросувањето сите се подготвуваат за свадбата, но на Виолета и предлагаат работа на нова локација. Заедно се преселуваат од топлиот Сан – Франциско во студениот Мичиген. Свадбената церемонија и склопувањето на бракот постојано се одложува, дури пет години.

[youtube]http://youtu.be/kuDpU1vzekE[/youtube]

Just Go with It

Дени (Адам Сендлер) претпочита да не се впушта во сериозни врски поради што на сите потенцијални партнерки им кажува дека е женет и има деца. Се се менува кога ќе ја сретне преубавата Палмер (Џенифер Анистон).Вљубувајќи се тој заборава на измислената автобиографија, но Палмер наоѓа веренички прстен поради што тој бара од неговата колешка да глуми дека е негова сопруга.

[youtube]http://youtu.be/Jz5Ubqhru7g[/youtube]

- Реклама -