Филмски митови за сексот

Повеќе...Сите знаеме дека филмот не секогаш го реплицира животот во вистинското светло. И сите знаеме дека некои работи се случуваат на филм, и само на филм. Сексот е една работа која филмовите обично ја прикажуваат…па, на свој посебен начин. Проверете како.

Сите знаеме дека филмот не секогаш го реплицира животот во вистинското светло. И сите знаеме дека некои работи се случуваат на филм, и само на филм. Сексот е една работа која филмовите обично ја прикажуваат…па, на свој посебен начин. Проверете како.

Сексот бара саундтрак

Секако, некои луѓе сакаат да имаат секс со музика, но филмовите не тераат да размислуваме дека музиката ќе го зголеми (или подобри) оргазмот. Но колку пати сте го вклучиле вашиот плеер на random и некаде на средина на вашата „сесија“ ја слушате главната тема од „Сунѓерот Боб“?! Понекогаш е подобро да се остави музиката на страна (освен ако не сакате да ја пуштите многу гласно за да не ве слуша вашиот цимер). Верувајте ни, ќе биде исто толку добро и без неа.

Паровите СЕКОГАШ свршуваат заедно

couple-having-sex-ei
Не само што жените секогаш доживуваат оргазам за време на сексот, туку и го имаат во исто време кога го има и нивниот партнер. Секој кој имал секс знае дека ова е далеку од вистината. Барем не се случува секогаш. Многу ретко. Никогаш.

Жените никогаш не шетаат голи после сексот

CCP0001342_P
Не знаеме за вас, ама никој, НИКОЈ не го зема чаршафот после секс и не шета со него низ собата. Зашто некој би го правел тоа? И девојките не ги облекуваат преголемите маици и блузи на дечковците.

Сексот прави бебиња, без разлика на што
pregnancy
Секако, сексот води кон бременост. Но филмовите во последно време („Knocked Up“, „Juno“, „Secret Life of the American Teenager“) ве тераат да мислите дека контрапцецијата никогаш не е измислена.


Да ја изгубите невиноста е навистина, НАВИСТИНА голема работа
Ако сте некој женски лик од серија, големи се шансите да поминете барем една сезона одлучувајќи дали, кога и со кого ќе ја изгубите вашата невиност. И кога ќе го направите изборот А.) Или ќе повредите некој што го сакате, Б.) Ќе останете бремена, или
В.) Ќе се чуствувате многу многу несигурно после тоа. А ако сте во хорор филм, ќе останете живи само додека сте невини.
Само убавите жени имаат секс

james-bond
Или убави мажи, професори, кариеристи, …се на се – само успешни луѓе.

Ако мажот ви почине или замине некаде на многу многу долго време – сигурно ќе останете бремени пред тоа
Сите знаеме дека е така. Ама на филм.
- Реклама -