Филмски грабеж во златара во Прилеп, налетаа и случајни минувачи (ВИДЕО)

Тројца непознати напаѓачи утринава околу 8.30 часот извршиле оружен грабеж во златара во срцето на Старата прилепска чаршија. Во златарата била само сопственичката, која штотуку го отворила дуќанот и во тој момент го вадела златото од сефот.

Од неофицијални информации, ограбувачите испукале два куршума за да ја скршат и отклучат заклучената стаклена врата.

Крадците, искористувајќи го шокот и стравот на сопственичката која и ја повредиле, за само неколку минути успеале да го испразнат сефот и веднаш се упатиле кон претходно паркираното возило во близина на златарницата, кое неофицијално, било со гостиварски регистарски таблички.

Како што се гледа од видеото, во еден момент наидуваат и случајни минувачи, но третото лице, кое чува стража надвор од златарата, го вперува пиштолот во нив, по што тие бегаат. Продавачите од другите дуќани одбиваат да зборуваат пред камера, бидејќи, како што велат, ограбувачите и нив им се заканиле.

Извор: Република.мк

 

- Реклама -