Од 7 до 11 август на локации во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија, ќе се одржи по трет пат Филмскиот фестивал „Преку Езерото“, фестивал на балкански и медитерански филм. Иницијативата за фестивалот е на Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент. Замислен е како фестивал на кој ќе се претстават автори кои живеат или потекнуваат од балканските и медитеранските земји.
Централниот дел на фестивалот е фокусиран на филмовите и филмаџиите.
Во наредните денови ќе биде објавена програмата на фестивалот.