Филмски дроги

Холивуд има создадено голем број филмови кои се фокусираат на дроги, дилери на дрога и корисници на дрога. Но во снимањето не можат да се користат вистински дроги: тие се скапи, нелегални а и постои ризик дека актерите би умреле на снимањето на филмови како Blow и Scarface.


Па што се користи на снимањето? Тоа зависи од потребната дрога:

Метамфетамин

Кристалите кои Волтер Вајт ги создава Breaking Bad нема да ви создадат несакани здравствени проблеми.. Освен можеби кариес – дрогата е заменета со тврди бомбони.

Марихуана

Во текот на Pineapple Express ликовите пушат тревка која не е тутун. Тревката изгледа како марихуана, гори како марихуана но нема халуциногени својства.

Кокаин

Според некои легенди кои се вртат низ филмската индустрија Ал Пачино шмркал вистински кокаин за време на снимањето на Scarface. Но за снимањето на Blow во 2001 година актерите користеле нешто сосема безбедно: иноситол – витамин B во прав.

Крек

Kамчињата на Рајан Гослинг во филмот Half Nelson всушност биле парчиња порцелан од скршена чаша за кафе кои биле обоени со кафе. Малку тутун бил употребен за да се создаде чад.

- Реклама -