Филмската фора на Мијалков

Кога полицијата пристигнала во домот на Сашо Мијалков на Водно за да му го врачи решението на Кривичниот суд за куќен притвор, таму не го пронашла поранешниот шеф на тајната полиција, но го пронашла неговиот мобилен телефон, објави „Фокус“, повикувајќи се на добро упатени извори вклучени во истрагата.

Според сознанијата на „Фокус“, Мијалков бил физички следен од полицијата, додека паралелно бил следен и сигналот на неговиот телефонски апарат. Од следењето на сигналот произлегувало дека Мијалков, од хотелот „Мериот“, со патничко возило се упатил и пристигнал во својот дом на Водно. Меѓутоа, откако полицијата таму не го пронашла, се испоставило дека возилото со кое патувал телефонот не било управувано од Мијалков, туку од од друго лице или лица, чиј идентитетот првично не можел да се утврди поради блиндираните прозори, пишува „Фокус“.

Што би рекле Американците, Мијалков го извел „најстариот трик во книгата“ (телефонот во еден, а тој во друг правец). Или народски речено, им „направил фора“, фора која ја имаме видено, да не претераме, ама барем во стотина холивудски филмови.

- Реклама -