Формула за предвидување на успешноста на филмовите

Јапонски научници од Универзитетот Тотори пронашле формула со која може да се предвиди успешноста на филмовите, а ова откритите наскоро би можело да стане мошне популарно во филмската индустрија.

Тимот научници, всушност, открил алатка со која може да се предвиди дали и колку еден филм ќе биде популарен, дури и пред да биде премиерно прикажан во киносалите.

Станува збор за математички модел со кој се пресметува успешноста на филмот, а со кој се истражува веројатноста еден гледач да го погледне филмот во период од 60 дена пред неговото официјално прикажување и 100 дена по премиерата. Во формулата се вклучени и огласувачите, медиумските извештаи, како и самата комуникација за филмот.

Истражувачите својата идеја ја тестираа на неколку популарни блокбаестери, како што се „Кодот на Да Винчи“, „Спајдер мен 3“, „Пиратите од Карбите“ и „Аватар“.

- Реклама -