Сексот и градот 2
Дури и на најголемите фанови на серијата “Сексот и градот”, второто филмско продолжение им е повеќе од катастрофално.
Иако според сценариото на филмот, дејството се случува во Обединетите Арапски Емирати, всушност филмот е снимен во Маракеш, Мароко. Таму четирите Њујорчанки искусуваат едно патување заедно. Магијата на Блискиот Исток ги освојува срцата како на главните ликови во филмот, така и на публиката пред екраните.