Филмови што поттикнуваат патување

Понекогаш е потребна една песна, слика, или филм, за да одлучиме која ќе биде следна дестинација на која сакаме да згазиме. Филмот пак е уметност, способна да не телепортира во различни светови и благодарение на своите кинематографски средства да ја рекреира атмосферата на одредена држава, правејќи го тоа на речиси реалистичен начин.

Изгубени во преводот

lost-in-translation6

Една од најпознатите улоги на Скарлет Јохансон нè носи дури на другиот крај на земјината топка – во Токио, Јапонија, каде инсомнијата и неспособноста за справување со временската разлика пронаоѓа две сродни души. Култура, неверојатни искуства и невозможна љубов на едно далечно место – доволно за во нас да ја разбуди љубопитноста.

- Реклама -