Филмови на ,,Дизни’’ кои ќе бидат прикажани во 2024 година

Компанијата ,,Дизни’’ се најде на голем дел од насловните страници во 2023 година, кога беа загрозени нивните авторски права за цртаниот филм Мики Маус. Студиото имаше помалку успешна 2023 година,бидејќи не ја достигна планираната популарност. Дизни има за цел да се врати на големата сцена објавувајќи го распоредот на премиерите кои ќе бидат во 2024 година.

The First Omen – 5 април

По 18-годишна пауза, серијата Omen се враќа повторно. Откако The Exorcist: Believer создаде бум, Дизни, кој е сопственик на студиото Fox, одлучи да ја врати серијата Omen. Но, бидејќи продолжението на The Exorcist не помина толку добро, тие можеби затоа размислуваат за ова заживување на Омен.

Kingdom of the planet of the aps – 24 мај

Се враќаме на Планетата на мајмуните ова лето. Во трите дела кои досега се прикажани уживаа и критичарите и обожавателите. На некои им недостигаат забавните маски од оригиналната серија, што е разбирливо. Филмовите изградија добра репутација кај фановите, а креативните тимови кои работат на нив досега раскажаа одлични приказни.

Inside out 2 – 14 јуни

Ова продолжение на Pixar ќе ни претстави нешто навистина страшно.Емоциите на тинејџер. Првиот филм беше голем хит, па затоа истражувањето на нови емоции сигурно ќе биде забавно да се гледа. Ова веројатно ќе биде прилично голем хит за студиото, но дали ќе биде во театар или на Дизни+ останува да видиме.

Deadpool 3 – 26 јули

Во 2024 година, Марвел објавува само еден филм – Deadpool 3 (освен ако не изненадат подоцна). На фановите можеби ќе им се допадне оваа пауза, особено затоа што возбудата околу овој филм е навистина голема. Се чини дека филмот е за завршување на ерата на Фокс Марвел и може да биде нешто слично како Spider-Man: No Way Home, каде што се спојуваат различни ликови. Фокс имаше контрола над X-Men, Fantastic Four и Daredevil. Ова продолжение можеби е и најочекуваниот филм на Дизни за 2024 година.

Alien: Romulus – 16 август

Дали после сите филмови со ксеноморфот, возбудата кај фановите згаснува? Овој филм го сместуваат помеѓу Alien и Aliens, во различен дел од галаксијата. Можеби оваа промена повторно ќе ги заинтересира фановите. Режисерот Феде Алварез, познат по Evil Dead 2013 и Don’t Breathe, е добар во создавањето напнати приказни. Ова можеби е она што ѝ треба на франшизата на Alien – враќање на некои од хорор деловите.


The Amateur – 8 ноември

Џон Вик веќе извесно време е крал на филмовите за атентатори, а изгледа дека другите студија се обидуваат да го достигнат тој успех. The Beekeeper и Аrgylle ќе ги имаат своите премиери оваа година, истражувајќи го светот на шпиони и атентатори. Овој филм е заснован на книга од 1981 но овие филмови постојано се враќаат на голема сцена, така што секогаш има нови верзии. Актерската екипа изгледа кул, со Рами Малек и Лоренс Фишбурн во главните улоги.

Musafa: The lion king – 20 декември                      

Ова продолжение на Кралот Лав е различно од останатите но сепак одговара на неодамнешниот тренд што го прати ,, Дизни’’. Откако „Малата сирена“ не помина толку добро минатата година, „Дизни“ можеби ќе ги преиспита овие римејци наскоро. Би било освежувачко доколку  пробаат нешто оригинално, бидејќи повеќето од нивните неодамнешни филмови се продолженија или римејкови.

Извор : Disney 2024 Release Schedule (joblo.com)

- Реклама -