Филм во чест на палтото Chanel

Палтото од твид дизајнирано во 50-тите години на минатиот век од легендарната Коко Шанел веќе одамна е прогласено за култно парче гардероба.

Актуелниот сопственик на модната куќа Chanel, Карл Лагерфилд токму на ова сако му посвети фотоалбум и неколку изложби ширум светот.

Во познатото палто позираа најславните топ модели, актерки, пејачки и токму тие фотографии минатата есен без видени на изложбите Chanel The Little Black Jacket во Лондон, Њујорк, Токио и други модни центри.

chanel

Добра вест за сите фанови на креативноста на брендот Chanel е дека e создаден мини филм токму за култното палто во кое Лагерфилд раскажува за раѓањето на идејата за неговото содавање, самиот процес како и односот на модните икони кон палтото тогаш и денес. Тој уште еднаш нагласува дека постојат парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода, како што се фармерки, кошула и Шанел палтото.

Најновиот видео материјал кој е дел од циклусот видеа познати како Inside Chanel, раскажува дел од историјата на оваамодна куќа.

[youtube]http://youtu.be/zx1R49B_tzw[/youtube]

 

- Реклама -