Филипче: Усогласувањето со ЕУ законодавството отвора нови врати, за првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравството

Усогласувањето на нашето со законодавството на ЕУ отвора нови врати и за здравството, порача министерот Венко Филипче вчера од Охрид, од средбата со специјализантите и младите лекари.

Како што соопшти, за првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравството и здравствениот систем.

„Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најважните сегменти во секоја установа – а тоа се одделенијата за интензивна нега“, истакна Филипче.

 

Во Охрид, тој се сретна и со повозрасните и поискусни колеги здравствени работници, но и со шефицата на Канцеларијата на СЗО во Скопје – Џихан Тавилах.

- Реклама -