Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, испрати топли честитки до сите христијани кои го празнуваат овој ден според Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх д-р Киро Стојанов.
„На сите верници од Католичката црква и на сите христијани кои денес го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод овој значаен празник. Божиќ е време на надеж, љубов и заедништво. Овој период нè потсетува дека единствено со солидарност, почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно општество во кое секој граѓанин ќе има еднакви шанси и сигурна иднина.
Во духот на Божиќните пораки, нека се свртиме кон вистинските вредности кои нè обединуваат и ни даваат сила да ги надминеме сите предизвици. Да се посветиме на добри дела кои ќе бидат патоказ за подобра иднина на следните генерации. Во овие божиќни денови, ви посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас. Христос се роди! Честит Божиќ!“, порача д-р Венко Филипче.



