Вчера, во канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО), Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: “УНДП”, “УНФПА” и “УНИЦЕФ” кои имаат директна поврзаност со системот на здравство.
Во врска со корона вирусот Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.
– „Целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји. Постапуваме согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со коронавирусот,“ посочува тој.
–„Имаме организиран систем со кој авио-компаниите ни укажат на тоа доколку некоја група патници доаѓа од Кина. Кај нас, ниту пак во регионот нема сомнителни ниту позитивни на корона вирус. Целиот систем е спремен, како превентивниот систем така и системот на препознавање и системот на транспорт. Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти,“ истакнува Филипче.
Исто така тој истакнува дека инфективните одделенија се подготвени и дека во моментот има сосема доволно опрема, а и дека се во фаза за набавка на дополнителна медицинска опрема.
-„Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти.“ – истакнува Филипче.
Извор А1.он