Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа Клиника, напиша Филипче, споделувајќи неколку фотографии од работата на терен.