Филипче: Препорака за трета доза за сите граѓани на возраст над 60 години, како и за сите здравствени работници и пациенти со компромитиран имунитет

„Трета доза вакцина се препорачува да примат сите граѓани на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возраста и сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба без оглед на возраста“ – ова се новите препораки на Комитетот за имунизација по вчерашниот состанок со сите членови, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, досегашните сознанија велат дека таа трета доза вакцина треба да е од „Фајзер“, но, како што вели, и понатаму ќе се следи состојбата и дали ќе има препораки за вакцини од други производители.

„Сите граѓани кои примиле втора доза, во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат на СМС порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина. Нема потреба да се заминува во странство за трета доза вакцина. Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи, сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Има вакцини доволно во кој било пункт. Овој процес ќе започне од понеделник поради тоа што некои работи да се спремат во електронскиот систем“, појасни Филипче.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Како што пренесе утрово МИА, вчеравечер и Американската Агенција за лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата  (aka. „бустер“ или „засилувачка“) доза од вакцината на Фајзер и БиоНТек, која експертскиот совет на ФДА ја препорача минатата недела, а се однесува на постарите граѓани (над 65 години) и младите лица кои се изложени на ризик по нивното здравје или се најизложени на можни инфекции.

Како што истакна в.д. директорката на ФДА – Џенет Вудкок, изјави дека „засилувачите“ ќе бидат дозволени за групи како здравствените работници, наставниците, работниците во самопослужувањата и луѓето во засолништата за бездомници и затворите.

„Одлуката се базира на научни докази и стручни совети“, рече Вудкок, додавајќи дека „ФДА ќе продолжи да ги проценува научните достигнувања и благовремено да ја информира јавноста“.

- Реклама -