Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија.
„Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар“, рече денеска Филипче во изјава за ТВ 24.
Прашан дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, тој посочи дека такво нешто не е опција.
„Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија“, одговори министерот Филипче.
МИА