„Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип“, апелира министерот за здравство Венко Филипче.
Објаснувајќи ги причините за одлуката на Комисијата за заразни болести да се носи маска и на отворено, тој посочува дека ефектот од носењето на прекривка на устата и носот е повеќекратен:
„Прекривката на устата и носот (маска, марама, шал) овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат“, порачува Филипче.