Филипче: „Фајзер“ веројатно ќе препорача трета доза за сите граѓани, чекаме официјално за и ние да препорачаме

„Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората доза, за да започне вакцинацијата со третата – бустер доза. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти. Официјалните препораки сѐ уште ги очекуваме за сите граѓани“, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Најнапред со анализите и студиите, посочи министерот, е компанијата „Фајзер“, со која имале состанок и им било укажано дека голема е веројатноста дека тие ќе препорачаат трета, односно бустер доза за сите граѓани, по шест месеци од примената ревакцина.

„Нашиот комитет за имунзација ги чека токму официјалните препораки за и ние тој дел, исто така, го препорачаме. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, тие кои се на хронична дијализа, меѓутоа треба да помине да помине временски период од шест месеци. Луѓето може да се пријават“, изјави Филипче.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, кое што, сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и дека не се прави разлика, која е првата вакцина е компанијата „Фајзер“.

„Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини“, изјави Филипче.

МИА

- Реклама -