Филипче: Драги деца, вирусот не е шега… верувам дека можете да бидете пример за возрасните

„Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите“, порача министерот за здравство Венко Филипче преку видео-обраќање објавено на социјалните мрежи.

Тој истакна дека верува во зрелоста и одговорноста на учениците и дека тие можат да бидат пример за возрасните и целото општество.

„Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година!“, им порача министерот.

- Реклама -