Филхармонија ќе ја слави љубовта со концерт

Во пресрет на Денот на вљубените, Македонската филхармонија ќе одржи на 12 февруари концерт во Домот на АРМ во 20 часот, заедно со маестро Кејс Скалионе од САД, асистент диригент во престижната Њујоршка филхармонија и фантастичниот сопран Голда Шулц од Јужна Африка, изведувајќи ги Чајковски, Равел, Гершвин, Портер.

music-love-heart-notes

Овој пат концертот носи наслов „Некој ме гледа романтично“ и ќе ги донесе љубовните приказни за „Ромео и Јулија“, „Порги и Бес“ и „Шехерезада“, дело кое ќе ја има македонската премиера, како и најпознатите џез-стандарди кои досега доживеаја милионски изведби и прработки – прекрасната „Summertime“ и „Someone to Watch Over Me“ од Гершвин и „Everytime We Say Goodbye“ од Портер.

Американскиот диригент Кејс Скалионе од 2011 година е асистент-диригент во Њујоршката филхармонија и истата година ја добил наградата за диригирање од фондацијата „Шолти“. Три години бил музички директор на Фондацијата за млади музичари и дебитантски оркестри на Лос Анџелес, следејќи ги стапките на реномираните диригенти како Мајкл Тилсон-Томас или Лоренс Фостер, кога го предводел еден од најамбициозните проекти во историјата на оркестарот – сценска продукција на вториот чин од Вагнеровата „Тристан и Изолда“.

Критиката го оценува како „импресивна фигура на подиумот“.

- Реклама -