Капитенот на англискиот премиерлигаш Евертон, Фил Невил, во наредните два месеци ќе отсуствува од фудбалските терени.
Тој пред два дена заминал на операција на коленото, а рехабилитацискиот процес ќе трае околу 60 дена. Тоа ќе биде голем хендикеп за „карамелите“.
„Ќе мораме без Фил Невил во наредните два месеци. Тој имаше проблеми со коленото и веќе е опериран. Неговото отсуство многу ќе не ослаби“, изјави Дејвид Мојес.
Во наредните два месеци, Евертон го очекува многу тежок распоред во Премиер Лигата и дуели со Манчестер сити, Арсенал и со Тотенхем.