Фиктивните дроги во филмовите и литературата

Substance D, од филмот Scanner Darkly

Фантазијата е богата, па и со дроги. Некои би било фино да ги имаме, други би било катастрофа. За арно или за лошо, засега остануваат фиктивни, а ќе ги најдете само во филмовите, тв сериите, видео игрите и литературата.

Skooma (од Elder Scrolls) – Наркотик што создава интензивна зависност, рафиниран од месечев шеќер. Предизвикува бранови од делузионална еуфорија, ама и летаргија.

„Вселенски мед“ (од Futurama) – мед со заспивачки ефект. Во големи дози може да предизвика коматозна состојба.

Red Sand (од Mass Effect) – Стимулант што предизвикува зависност. Има способност за подобрување на биолошките способности, а предизвикува краткотрајна, а интензивна еуфорија.

„Дроги за расположение“ (од Doctor Who) – Целофански налепници што ослободуваат хемикалии. Доаѓаат во варијанти на „Среќа“, „Спиење“, „Искреност“, „Заборавање“ и „Благослов“.

„Отров“ (од Batman) – Потентен супер-стероид кој предизвикува голема зависност. Се нанесува преку налепници наречени „slappers“. Преголеми дози предизвикуваат лудило и мутација.

„Prozium 2“ (од Equilibrium) – Инекција што се прима на дневна база, потиснува емоции, и гарантира поредок и послушност.

SOMA (од Brave New World) – Опијат кој не предизвикува мамурлук и афтер-ефект, а индуцира задоволство и смиреност.

Moloko Plus (од Clockwork Orange) – Млечен коктел, „зачинет“ со мешавина од дроги. Се користи за подготовка за „супернасилство“.

„Серум 114“ (од Clockwork Orange) – Дрога што предизвикува гадење/лошење, парализа и страв, а се користи за време на терапија за одвикнување од насилство.

„Супстанца Д“ (од Scanner Darkly) – Психоактивна супстанца која ја „пресекува“ врската меѓу левата и десната хемисфера од мозокот.

„Стик на смртта“ (од Star Wars) – Благ халуциноген кој предизвикува еуфорија, но го скратува животот со секоја земена доза.

Glitterstim Spice (од Star Wars) – Минерал што предизвикува зависност, а резултира со повишена ментална состојба, за сметка на дегенерација на мозокот.

V (од True Blood) – Вампирска крв што ги подобрува сетилата, стимулира залекување, и предизвикува интензивни сексуални халуцинации кај луѓето.

Mentats (од Fallout) – Кредасти црвени пилули кои ја подобруваат креативноста и меморијата. Дрога што често се користи на забави.

„Потисни-сè-ол“ (од „Симпсонови“) – Лек што потиснува секакви спомени.

Senzu грав (од Dragon Ball Z) – Мистичен грав што го обновува здравјето и енергијата.

Tretonin (од Stargate SG-1) – моментално го подобрува имунитетот, но комплетно го уништува природниот имун систем кај луѓето.

Pax (од Serenity) – Создаден за да инхибира агресија. Кај некои предизвикува крајна апатија, а кај други има ефект на подивување.

„Плазмиди“ (од Bioshock) – Пивлив серум кој го менува генетскиот код за да овозможи „супер-моќи“. Негативниот ефект е ментална зависност и општа ментална нестабилност.

Felix Felicis (од Harry Potter) – Течна среќа што предизвикува безобзирност и опасна ароганција, ако се земе во преголеми дози.

Melange (од Dune) – го продолжува животниот век, ја зголемува виталноста, а кај некои луѓе „отклучува“ претчувство. Откажување од дрогата резултира со смрт.

Zyme (од Deus Ex) – Синтетичка дрога за која се смета дека предизвикува ширење на ментална болест.

Slow-Mo (од Dredd) – Ја забавува перцепцијата на корисникот на 1% од нормалната брзина.

Somnacin (од Inception) – овозможува споделување на соништа со помош на специјална направа. Ја забрзува функцијата на мозокот.

„Ефемерол“ (од Scanners) – Средство за смирување создадено за да ги ублажува утринските мачнини кај бремените жени. Наместо тоа, им дава телепатски способности на бебињата.

„Бела Клаудија“ (од Silent Hill) – Растение со мистични и халуциногени својства, користено за контрола на населението.

Извор

- Реклама -