Ќе се снима Fight Club мјузикл?!

Fight Club мјузикл?!Пред повеќе години, Дејвид Финчер, режисерот на “Fight Club”, започна да зборува за можноста да се направи мјузикл, за да се прослави десетгодишнината од излегувањето на филмот. По 2009 година, сите помислија оти идејата е заборавена, но сега, таа изгледа пореално од кога било порано.

Финчер, по снимањето на „Социјалната мрежа“, започнал разговори со човекот кој ја сними музиката за тој филм, Трент Резнор, за можна соработка при снимањето на мјузикл верзијата од култниот филм. На една прес-конференција, обајцата потврдиле дека соработката е многу веројатна.

Сега ни останува само да го почекаме овој генијален филм. Несомнено, тој ќе направи револуција во кинематографијата и ќе им ја помати сликата на идните генерации за оригиналниот филм, со што несомнено, многу лесно ќе успеат во целост да ја промашат поентата на истиот. [FIGHT CLUB: The Musical May Be Closer to Reality]

- Реклама -