Фифи привлече огромно внимание кога се појави на сцената на шоу- програмата на „Икс фактор“.Таа во шоуто „Амиџи Шоу“ , зборуваше за своето детство, а меѓудругото таа и Маринела соопштиле дека не се сигурни дали ќе останат во H2O, групата формирана, специјално за шоуто.
„ Кога бев мала, имав чувство дека нешто не е во ред со мене. Кога имав 10-11 години, тогаш почнав да се облекувам како девојка. И тогаш луѓето почнаа да ме се потсмеваат. Многу работи сум поминал оттогаш. На пат сум да станам женско, но се уште не сум почнала со хормонска терапија“ вели Фифи и додава дека отсекогаш се чувствувала дискриминирано.
„Не можам да најдам сродна душа. Јас сакам само стрејт мажи, рекла Фифи додавајќи дека не би можела да биде со жена која сака да биде маж.
Фифи деновиве ги забавувала гостите во еден популарен белградски ресторан, а гостите и честитале за талентот и прекрасниот глас, пренесоа српските портали.
„Настапив првпат откако излегов од шоуто „Икс фактор“. Се надевам дека кога ќе ја објавам мојата песна и спотот на српски ќе имам повеќе настапи. Им благодарам на луѓето од Србија што убаво ме прифатија, бидејќи знам дека мојата појава е чудна но јас се борам и нема да запрам. Ќе се вратам со добра музика“ додава Фифи.