Обвинителката Фатиме Фетаи ќе се жали до Апелација за пресудата во предметот за протестите во општина Центар во 2013 година, откако само Груевски доби затвор, а Јанакиески и останатите обвинети добија условни казни.
Фетаи истакна дека е задоволна што е утврдена кривична одговорност кај обвинетите, но од аспект на кривичните санкции смета дека судот ги преценил олеснителните околности.
„Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка – условна казна, доаѓа во предвид само за Игор Бошковски. За другите сметав дека мораше да има казна затвор. И затоа ќе поднесеме жалба на овие пресуди“, рече Фетаи.