Фестивалот „Војдан Чернодрински“ се отвори со „Хеда Габлер“ на Драмски

Ана Стојаноска, директорката на фестивалот, истакна дека концептот на годинашното издание е „ново читање“, со посебен фокус на делата од Горан Стефановски. Четири претстави се базирани на неговите драми, а останатите седум претстави претставуваат нови интерпретации на класиците. „Идејата беше да се прикажат различни театарски форми, користејќи ги сите фестивалски зони низ градот“, изјави Стојаноска.

https://www.youtube.com/watch?v=78XwxAsfzok

За изборот на „Хеда Габлер“ како претстава што требаше , Стојаноска објасни дека „треба да се започне со нешто доминантно и важно“. Претставата „Хеда Габлер“ е значајна во историјата на драмата, а оваа верзија покажува како актерите и авторите можат да го поместат односот кон драматургијата и сценскиот текст.

Сања Арсовска, која ја игра главната улога на Хеда Габлер, ја истакна значајноста на претставата за женските ликови и општествените стеги кои остануваат непроменети низ историјата. „Иако има општествени поместувања и историски победи за жените, внатрешното чувство и општествените стеги остануваат исти. Хеда сака да управува со туѓите животи затоа што е немоќна да влијае врз својот сопствен живот“, рече Арсовска.

Арсовска, исто така, потенцираше дека темата за психолошкото здравје кај жената е исклучително важна во оваа адаптација на „Хеда Габлер“. „Секогаш може да се најде вистинско време за Хеда, без разлика дали се работи за психолошкото здравје кај жената“, додаде таа.

Настапот на отворањето на фестивалот за Арсовска е особено возбудливо, бидејќи досега имала преку 10 настапи на Чернодрински, но никогаш на отворањето. „Ова е најстариот македонски фестивал кој ги вклучува сите национални установи, или барем повеќето од нив“, рече таа.

На отварањето им беа доделени наградите за животно делоа на актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов.

Во Градската библиотека „Борка Талески беше отворена и изложбата „Горан Стефановски и книгите“ реализира во соработка со прилепската библиотека.

Фестивалот продолжува со богатата програма, која вклучува претстави базирани на дела од Стефановски, како и нови интерпретации на класиците, нудејќи уникатно театарско искуство за сите љубители на театарот.

- Реклама -