Уметност од ферофлуид со водени боици

Milefiori е невообичаен проект на швајцарскиот фотограф Фабиан Ефнер, кој комбинира ферофлуид со водени боици, притоа создавајќи навистина хипнотизирачки фотографии.

Ферофлуиот е течност која силно се магнетизира под дејство на магнетно поле и создава интересни форми. Ефнер ја комбинирал оваа течност со водени боици и потоа ја поставувал во магнетно поле.

Формите што може да се забележат на фотографиите се со големина на показалец. Всушност, проектот Milefiori се обидува живописно и драматично да ги зароби дејствата што се случуваат во времетрање помало од една секунда.

Фотографот изјавил дека за него фотографирањето е аналитичка вештина. Тој објаснил дека сака да ги прикажува сценаријата што се случуваат додека трепнуваме, и се често невидливи за голото око.

 

- Реклама -